Издумани Крлевизми: „Сончогледи, секој ден не е сончев!“
Афоризмите на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски за неделата гласат:
„Маѓу плитките, мисли длабоко!“
„ Модерни времиња: инфериорните се супериорни!“
„ Бумерангот е направен да ти се врати, но тоа не е доволно.“
„ Вечен талент – чиста загуба!“
„Афоризам? Пет збора – рој мисли!“
„Богаството со пари не се купува – рече крадецот.“
„Крајно непромислена е одлуката на мајмунот да стане човек.“
„Сончогледи, секој ден не е сончев!“
„Вештачка интелигенција? Природно си е природно!“
„ Ако си залутал, опасно е да стигнеш далеку.“
„Бидете често пред огледалото! Тоа е најдобриот психолог.“
„Кој знае сѐ – не знае ништо!“
„Најмногу учам од добрите книги и лошите луѓе!“
„Останав принц и откако ми го украдоа белиот коњ.“
„Откако ја пронајдов жената на моите соништа, сон не ме фаќа.“
Вашиот, Атанас Крлевски