Коки: „Ако дебелината е болест, тогаш мнозина наши народни избраници се мошне болни“

Објавено на 24 март, 2025 во 13:29

Афористичарот Никола Бошков Коки и неговите неделни седум афоризми за заедницата на читатели на Дума.мк кои гласат:

„Кокичињата ја навестија пролетта, природата штотуку започна да се буди а со неа и желбата на многу луѓе за флерт.“

„Штом во текот на својот мандат, некој политичар не успеал да стекне неколку станови, викендичка со базен, луксузен автомобил и дебело девизно конто во некоја странска банка, значи дека тој никогаш не бил добар политичар.“

„Ако дебелината е болест, тогаш мнозина наши народни избраници се мошне болни.“

„Бракот е лотарија во која мажите на коцка ја ставаат својата слобода, а жените својата среќа.“

„При стапување во брак жената води сметка за иднината на својот маж, а мажот за минатото на својата жена“.

„Никој од нас ја нема привилегијата сам да си ја одбира својата судбина ниту пак од неа може да побегне.“

„Понекогаш љубовта наликува на планинарство, треба да се биде мошне внимателен, при качувањето.“

Вашиот КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.