КОКИ: „Долговечните политичари наликуваат на старите банкноти – колку повеќе се во оптек, толку помалку вредат.“

Објавено на 18 ноември, 2024 во 14:05

Афористичарот Никола Бошковски Коки за оваа седмица на читателите на Дума.мк напиша седум нови афоризми. Ги пренесуваме, читајте ги и добредојден е секој коментар:

„Секој заб има своја функција, за жал, и секоја функција има свои заби.“

„Мошне стресно и ризично по вашето здравје е ако без уреден кардиограм се обидувате на ТВ ,во живо, да следите некоја наша возбудлива-инфаркт собраниска седница.“

„На сопругата и купив нов миксер, но попусто- таа и понатаму продолжува да “мати”…со комшијата.“

„Долговечните политичари наликуваат на старите банкноти – колку повеќе се во оптек, толку помалку вредат.“

„Директорот и секретарката долго време ја подготвуваа завршната сметка, сега го очекуваат деветмесечниот биланс.“

„Ниту клептоманките не се во состојба на некои луѓе нешто да им дигнат.“

„Постојат одбрамбени фудбалери, мошне харизматични и шармантни момчиња, кои со погледите им ги “кршат”срцата на многуте обожавателки, но и нозете…на противничките играчи.“

Вашиот КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.