Коки: „Една лага, е една лага, но повеќе лаги се систем“

Објавено на 11 ноември, 2024 во 10:33

Седумте афоризми на афористичарот Никола Бошковски Коки за оваа седмица гласат:

„Една лага, е една лага, но повеќе лаги се систем.“

„Се стекнува впечаток дека на нашата политичка трпеза менито е се посиромашно, можеби затоа политичарите започнаа секојдневно, меѓусебе да се “јадат”.

„Додека некои жени читаат книги до доцна во ноќта: други…бројат.“

„Понекогаш посакувам да се поистоветам со Дон Кихот, но наместо кон ветерниците, своето „копје” да го насочувам кон ветерничавите…бирократи и политичари.“

„На некои девојки повеќе им се исплати кога мафтаат со опашката, отколку со дипломата.“

„Мојата сексипилна комшивка ги отфрли многуте умилкувачи зашто љубовта ја сфатија како спорт: сите посакуваа да бидат први.“

„Секое утро, мојата соседка наликува на нокаутиран боксер: не се буди…до ОСУМ“

Вашиот, КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License