Коки: „Кој учи љубов од книги, тој ги плаќа печатните грешки“

Објавено на 2 мај, 2023 во 10:27

Почеток на месец мај започнете го со насмевка што ќе ја предизвикаат афоризмите на нашиот соработник Никола Бошков Коки. Уживајте:

-Кој учи љубов од книги, тој ги плаќа печатните грешки.

-За празникот на трудот, граѓаните се присетија на своите дамнешни корени и масовно се вратија во селата: на своите исконски огништа започнаа да ги печат јагнињата и прасињата.

-Момчиња, штом девојките се обидуваат постојано да ви говорат розово, во бракот ви се пишува црно.

-Не ги послушав моите родители кои ме советуваа да го баталам факултетот и да започнам да се занимавам со политика: сега сфатив колку тие биле далековидни.

-Велат првата љубов не се заборава, но понекогаш кога навратат спомените се здобива впечаток дека не се забораваат ниту останатите.

-Сопругата на мојот сосед, секое утро наликува на нокаутиран боксер: не станува до ОСУМ.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.