Коки: „На некои луѓе не им причинува потешкотија што имаат камен во бубрегот, туку што го имаат тој во креветот“
Овој понеделничен афористички поздрав од Никола Бошковски Коки ги содржи следниве седум штотуку напишани афоризми:
„Конечно успеав да ја пронајдам жената на својот живот: сега имам жена, но ми недостига живот.
„Ако не постојат мито и корупција, разно-разни наместени тендери, лажни ветувања и нереализирани предизборни проекти, политиката би била потполно неинтересна.“
„Ниту врвните кардиолози не се во состојба да нурнат толку длабоко во тајните на женското срце.“
„Сопругата на мојот сосед не се лути затоа што тој постојано, во доцните вечерни часови се враќа дома пијан, тукушто не се враќа дома, кога е трезен.“
„На некои луѓе не им причинува потешкотија што имаат камен во бубрегот, туку што го имаат тој во креветот.“
„Не е комплимент кога ќе ви речат дека во кревет сте вреден како пчела, пчелата само еднаш боцка.“
„По многуте мешаници и расправии на фудбалските терени, се стекнува впечаток дека воопшто не станува збор за спортски, туку…за политички противници.“
КОКИ