Коки: „Нема наталитет,штом наместо нозете ги дигаме цените“

Објавено на 16 октомври, 2023 во 09:45

Понеделник е ден кога го пренесуваме најновиот афористички израз на Никола Бошковски Коки. Тој за оваа работна седмица ви ги напиша следниве шест афоризми:

-Нема наталитет,штом наместо нозете ги дигаме цените.

-Се стекнува впечаток дека политичарите кај нас живеаат „кучешки” живот: постојано некој,на некого лае.

-Мојата комшивка дел од младоста го посвети барајќи го вистинскиот маж, не престана да го бара  ниту тогаш кога се омажи!

-За разлика од театарот,во бракот најпрво се спуштаат завесите, па потоа започнуваат брачните сцени.

-Жената може многу лесно да ја изгуби контролата врз себе, но не и врз сопствениот маж.

-Му завидувам на вирусот на грипот, тој може да направи избор која жена ќе ја легне в кревет.

КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.