Концерт,вечерва, на класична музика на TRIO DOLCE во Велес
Објавено на 29 јули, 2022 во 13:48
Концертот „Музичко патување“ ќе се одржи во сала „Бели Мугри“ на Народна библиотека „Гоце Делчев“. Флејтистката Светлана Богданоска Ристоски, виолончелистката Андријана Дукоска и пијанистката Марија Шамоска Буџаковски ќе ги изведат следниве дела на авторите:.Louise Farrenc – Trio for flute, cello and piano Op. 45; Andante; Scherzo; C. M. von Weber – Trio Op. 63, Andante espressivo; Finale и Johannes Brahms поточно Hungarian Dance No. 6 – Vivace; Трајко Прокопиев – „Дојранка“; Astor Piazzolla – The Four Seasons of Buenos Aires; “Primavera porteno” (spring); “Invierno porteno” (winter) како и Vittorio Monti – Czardash.
Едночасовниот концерт ќе се одржи вечерва, со почеток во 19 часот. Влезот е слободен.
Убавка Јаневска