Канческа-Милевска во посета на Кавадарци
Објавено на 28 март, 2013 во 12:56
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го посети Музејот на вкусови во Кавадарци кој ќе го отсликува минатото и традицијата на овој крај. Искажа задоволство од изградбата на музејот во кој може да се видат историски, етнолошки, хронолошки и археолошки артефакти.
„Кавадарци е град со голема историска и археолошка вредност. Овде има многу етнолошки предмети автентични за Кавадарци и сакам да изразам голема благодарност до граѓаните кои донирале дел од нив за да бидат дел од овој прекрасен музеј. Овде туристите кои доаѓаат ќе можат да се запознаат со вредниот историски континуитет на градот Кавадарци“ рече Канчевска-Милевска. / А.Д