Велешанецот Томе Трајков член на интернационално стрип жири во Албанија
Македонија има свој преставник на првиот стрип натпревар во соседна Албанија . Тоа е Томе Трајков, културен оператор од Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес. Културната манифестација се одржува од 13 до 15 ноември во Тирана.
„Драго ми е што ја имам таа чест да бидам дел од овој настан ,организиран од страна на Министерството за култура на Република Албанија и на професорот Шпенд Бенгу .Со оваа личност ,којашто е клучна за развојот на стрип сцената во Албанија имам дамнешни контакти и токму на негово инсистирање сум дел од ова жири заедно со Игор Прасел-илустратор и аниматор од Словенија и Тоон Харстен,новинар од Белгија“, рече Трајков.
Стрип натпреварот е завршен. Пријавени беа 40 стрип дела на тема од албанската народна ризница чиј квалитет организаторот и членовите на жирито ги отценија како големо изненадување во позитивна насока. Тие се поттик за формирање на прва официјална стрип асоцијација на Албанија.
На првиот стрип натпревар во оваа соседна земја присуствува и потесниот тим на Стрип центарот на Македонија-Велес.Нивната посета е во склоп на завршни активности од проектот„Нови Балкански пријателства“, финансиран од страна на Фондацијата „Принц Клаус“. Очекуваат да остварат контакти со учесниците од овој стрип натпревар и го промовираат сопствениот проект како и стрип сцената во Македонија.
Наредниот викенд стрип уметниците ќе остварат непосредна средба со автори и асоцијации од Приштина, Косово откако имаат соработка со традиционалниот фестивал во Призрен./Д.С