Издумани Крлевизми: „Ако во автомобилот, свекрвата седи напред, а снаата назад, шоферот мора да е мамин син“

Објавено на 19 април, 2024 во 10:15

Велешкиот афористичар Крлевски со нови 25 крлевизми за мажите за кои вели: Прочитајте ги и слободно пронајдете се!

  1. Ако во автомобилот, свекрвата седи напред, а снаата назад, шоферот мора да е
    мамин син.
  2. Би правел се за неа. Не би дишел и во ормар.
  3. Брачен цунами: јас со сирена на отворено море, а таа со морски волк во нашиот
    залив.
  4. Вистинскиот маж е скриено богаство. Тешко се стигнува до него.
  5. Го промашив животот. Метата живее со друг.
  6. Жената треба да има пет раце за да го направи мажот идеален. По две за да му ги затвори очите и ушите и една за устата.
  7. За рогоносецот жена му е икона, а за сите други- лажна светица.
  8. Кој рано рани и носи на жена му кафе во постела.
  9. Конечно го прифати детето во мене. Ми напиша петка на раката.
  10. Лесно е да заведеш туѓа жена. Тешко е потоа да се вратиш кај својата.
  11. Мажите ги сакаат жените кои ги сакаат мажите.
  12. На некои мажи многу им е важна внатрешната убавина на жените. Веднаш
    после: 90-60-90.
  13. Наидов на идеална жена. Мене сите убави работи ми се случуваат во сон.
  14. Најчесто рогоносецоте оженет, а шутиот – разведен.
  15. Не знам каде да фатам. Жена ми ме остави на крстосница.
  16. Не знам што е подобро? Да бидеш марионета на сопругата или таа да биде
    кукла на друг.
  17. Не можам да се заљубам – премногу сум паметен, но за среќа многу жени ме
    вадат од памет.
  18. Не пиев, а ја заборавив. Откако ја заборавив, започнав да пијам.
  19. Не се топам од женската нежност. Може лесно да испарам.
  20. Некои мажи во љубовта се како спортски риболовци. Фати – пушти!
  21. Никогаш не сум и паднал на колена. Цел живот ја носам на раце.
  22. Откако ми влезе во контото, не верувам во подобро утре.
  23. Секој маж е ангел, се додека не му влезе под кожата жена – ѓавол.
  24. Слаб сум кон жените. Тоа е појако од мене.
  25. Тешам разочарани жени. Шифра: сите мажи се исти.

Афористичар Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.