Издумани Крлевизми: „Ако во автомобилот, свекрвата седи напред, а снаата назад, шоферот мора да е мамин син“
Објавено на 19 април, 2024 во 10:15
Велешкиот афористичар Крлевски со нови 25 крлевизми за мажите за кои вели: Прочитајте ги и слободно пронајдете се!
- Ако во автомобилот, свекрвата седи напред, а снаата назад, шоферот мора да е
мамин син. - Би правел се за неа. Не би дишел и во ормар.
- Брачен цунами: јас со сирена на отворено море, а таа со морски волк во нашиот
залив. - Вистинскиот маж е скриено богаство. Тешко се стигнува до него.
- Го промашив животот. Метата живее со друг.
- Жената треба да има пет раце за да го направи мажот идеален. По две за да му ги затвори очите и ушите и една за устата.
- За рогоносецот жена му е икона, а за сите други- лажна светица.
- Кој рано рани и носи на жена му кафе во постела.
- Конечно го прифати детето во мене. Ми напиша петка на раката.
- Лесно е да заведеш туѓа жена. Тешко е потоа да се вратиш кај својата.
- Мажите ги сакаат жените кои ги сакаат мажите.
- На некои мажи многу им е важна внатрешната убавина на жените. Веднаш
после: 90-60-90. - Наидов на идеална жена. Мене сите убави работи ми се случуваат во сон.
- Најчесто рогоносецоте оженет, а шутиот – разведен.
- Не знам каде да фатам. Жена ми ме остави на крстосница.
- Не знам што е подобро? Да бидеш марионета на сопругата или таа да биде
кукла на друг. - Не можам да се заљубам – премногу сум паметен, но за среќа многу жени ме
вадат од памет. - Не пиев, а ја заборавив. Откако ја заборавив, започнав да пијам.
- Не се топам од женската нежност. Може лесно да испарам.
- Некои мажи во љубовта се како спортски риболовци. Фати – пушти!
- Никогаш не сум и паднал на колена. Цел живот ја носам на раце.
- Откако ми влезе во контото, не верувам во подобро утре.
- Секој маж е ангел, се додека не му влезе под кожата жена – ѓавол.
- Слаб сум кон жените. Тоа е појако од мене.
- Тешам разочарани жени. Шифра: сите мажи се исти.
Афористичар Атанас Крлевски
Дума.мк