„За добрата мачка секој месец е февруари“, нови афоризми на велешанецот Коки
Првиот ден, но и секој нареден, од месецот на љубовта и виното поминете го со насмевка. Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки, оваа недела одвои седум нови афоризми за читателите на Дума.мк. Уживајте!
-За добрата мачка секој месец е февруари.
-Во брачниот триаголник секогаш едниот агол е ТУП.
-Не се согласувам со изреката која вели дека МОЛЧЕЊЕТО Е ЗЛАТО, многу жени креваат врева токму заради златниот накит.
-Во бракот работите не се решаваат само рамноправно, туку и хоризонтално.
-Додека учев и бев одличен ученик за мене татко ми велеше дека сум ист како него, а денес ,кога седам дома и безделничам, вели дека се повеќе личам на комшијата.
-Самобендисаната жена многу полесно ќе се оддели од сопругот отколку од огледалото.
-Во животот е како и на фудбалскиот терен, штом некој ќе се обиде да ве прејде, вие го сопнувате.
Афористичар
Никола Бошков – Коки