На “Кавадаречко културно лето 2023“ театарска претстава за деца „Во домот на Волшебникот“

Објавено на 14 јули, 2023 во 09:51

Театарска претстава за деца „Во домот на Волшебникот“ ќе се одигра на плоштад во Кавадарци, утре, сабота,15 јули. Улогата на Волшебникот ја игра актерот Сашо Ристовски, а улогата на помошничката ја игра актерката Магдалена Ризова-Черних. Автор и режисер на претставата, во продукција на приватниот „Театар Хит“ од Скопје, е Сашо Ристовски.

Театарската претстава за деца ,,Во домот на Волшебникот” е работена наменски и е посветена на децата. Токму овој период кога во регионоти во државата сериозно е видливо насилството помеѓу децата нужна е потребата преку театар да се прикаже дека за секој проблем и недоразбирање не е решение насилство, туку разговор, меѓусебното подавање на рака и искреното пријателство. Низ низа драмски ситуации во кои главната нитка е мудроста на волшебникот, наспроти денешното однесување на децата, се упатува пораката: „Со насилство НЕ, со дружба може СЕ!“

Почетокот на театарската претстава,која се прикажува во рамки на “Кавадаречко културно лето 2023“ закажан е за во 20:00 часот. „Театар Хит“ доаѓа во Кавадарци на покана на кавадаречкиот Дом на култура.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.