Отворена ретроспективна изложба по повод 165 години од гимназиското образование (фото)
Дела изработени во изминатите години од страна на ученици од велешката гимназија „Кочо Рацин“, денеска, се изложени во Ликовен салон во Велес. Граѓаните на оваа ретроспективна изложба наречена „Се што ни е заедничко“ можат да видат делат изработени во различни техники како мозаик, резбра, цртежи со молив, портрети, акварел, цртежи изработени на платно, дрво, грниња како и цртежи на керамика и плочки.
-Оваа изложба содржи цтежи од повеќе генерации на ученици од средното училиште „Кочо Рацин“. Дојдовме до идеа за време на патрониот празник да направиме изложба кадешто ќе го покажеме трудот на учениците коишто и во преходните години твореле за нашето училиште. Можам да кажам дека ова е еден мал дел од колекцијата на ликовни творби што ја поседува училиштето, рече Јулијана Михова професорка по ликовна уметност.
Како што велат од училиштето на оваа изложба се претставени творби кои ги опфаќаат речиси сите ликовни подрачја и техники што покажуваат дека секој од професорите по ликовна уметност кои низ годините се менувале, максимално вложиле да им го пренесат своето знаење на учениците.
Изложбата ќе биде поставена во Ликовен салон до утре на пладне, потоа сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да ја погледнат во училиштето.
Стефани Манева
Фото: