Претставата „Гимнастика за бремени жени“ на Драмско-куклен театар од Враца,Бугарија вечерва на сцената на велешки Театар
Објавено: 26 ноември, 2024, во 12:05 часот
Комедијата „Гимнастика за бремени жени“ од Здрава Каменова ја раскажува приказната за четири бремени жени, сите со име Марија. Тие се среќаваат на час по гимнастика за трудници, а ова познанство ги води до непромислено бегство и најлуда ноќ во нивниот живот. Претстава говори за најекстремното, најтрансформативното искуство во бременоста, во исто време, и за тоа како жените така и мажите поминуваат низ овој дел од животот. Посебен акцент е ставен на љубовта, поточно како тоа убаво чувство преживува при изборот да се биде родител. Исто така, глумците го прикажуваат патувањето низ апсурдите, лудилото и љубовта на четири трудници, четворица мажи и еден ексцентричен предавач!
Во претставата улогите ги толкуваат глумците Ива Кирова, Ина Георгиева, Росица Огнијанова, Цветана Горкиева, Гергана Змијчарова, Теодор Софрониев, Борислав Сарафанов, Делчо Чолаков и Калин
Режисер на претставата е Петринел Гочев. Сценографијата и костимите се на Надија Василева Ковачовска.
Цената на билет изнесува 200 денари. Работно време на билетарата на театар Џинот работи од 10:00 до 14:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот. Билети можат да се резервираат на моб.тел. број 072 269 336.
Убавка Јаневска


