Програма на „Велешко лето 2021“

Со одржување на годишен концерт на балетското студио „Анабела“ започна „Велешко лето 2021“. Општина Велес, ја објави програмата за месец јули. Во сабота, 17 јули, девојките од The Chicks ќе имаат концерт во амфитеатарот на Младински парк, со почеток во 20:30 часот.
Потоа, на 22 јули, годинава, со почеток од 20:30 часот, во амфитеатарот на Младински парк, концерт ќе одржат Дац и Александар. Следната сабота, 24 јули, годинава, ќе се одржи концерт на „Zima blue”, со почеток во 21:00 часот, во амфитеатарот на Младински парк.
Во вторник, 27 јули, ќе се одржи и ликовна изложба на дела од ликовната колонија „Неготино 2020“, во Ликовен салон во Велес, со почеток од 12:00 часот.
На 30 јули, годинава, во салата „Бели Мугри“ со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи концер на дуо пијано, Светлана Ташева и Илија Настовски.
Последниот ден од месец јули, ќе биде резервиран за концерт на групата „Фолтин“. Концертот ќе започне во 21:00 часот во амфитеатарот на Младински парк.
Од Општина Велес информираат дека програмата за месец август, ќе биде дополнително објавена.
Стефани Манева
