Промоција на книгата „Излети“ на Цветанка Колева во Кавадарци

Објавено на 12 септември, 2022 во 15:55

Познатата кавадаречка поетеса Цветанка Колева во својот роден град ќе ја промовира книгата песни, кратки лирски нарации и еден запис „Излети“. За време на промоцијата поезија ќе читаат но и кратки осврти за книгата ќе дадат Александар Малинков и Мирјана Мукаетова.

Промоцијата ќе се одржи утревечер, 13 септември, со почеток во 19:00 часот во Галерија при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци.

Книгата „Излети“ е издание на Издавачка куќа „Сувехаб – Тихомир Методи Јанчовски 2022“ од Скопје.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.