Промовиран петтиот роман „Непребол“ на писателката Родна Јанчева

Објавено на 29 јуни, 2022 во 09:57
Фото: промоција на романот „Непребол“

Вистинска приказна за една силна жена Богдана којашто ги примостува сите бурни времиња низ балканот, почнувајќи пред втората светска војна и после неа, била поттик за писателката Родна Јанчева да го напише романот „Непребол“.  Рецензентот Атанас Крлевски рече дека овој роман го категоризира во жанрот „хроника“ бидејќи го опфаќа периодот од 1916 до 2007 година.

Фото: Промоција на романот „Непребол“ , рецензент Атанас Крлевски

-Во центарот на фабулата е едно класично македонско семејство. Една заедничка приказна на две жени, Богдана и Радмила. Богдана со иста сила се носи со приказната како и главниот лик. Во центарот на умешно развиеното дејство на приказната е посвојувањето на Радмила од страна на нејзина тетка. Писателката, вториот дел од романот, и го посветува на Радмила поточно тоашто е поврзано со овој лик и вистината за нејзиното посвојување, додаде Крлевски.

Фото: Промоција на романот „Непребол“

Секој читател треба да ја има оваа книга во својата библиотека бидејќи,  какошто рече Крлевски,  е лесна за читање и затоа што приказните оставаат траги кај читателите.

Фото: авторката Родна Јанчева и рецензент Атанас Крлевски

Овој роман е петти по ред на писателката Родна Јанчева и втор напишан по вистинска приказна.

-И првиот роман „Детето со променет идентитет“ исто така го напишав инспирирана од вистинита приказна, за едно посвојување на дете и сите перипетии коишто се случува во постапката и беа поврзани со детето. Овој роман е посебен за мене бидејќи откако излезе од печат, се дигнала бура од реакции на посвоени деца коишто започнаа да ги бараат своите биолошки родители. Исто како првиот, така и во овој петти роман, пишувам за вистинита приказна во која опишувам лик на силна жена, која ги премостува сите бурни времиња на Балканот, пред Втората светска војна и после неа. Нејзиниот живот се одвива во мирните води, во државата СФР Југославија и е поразличен од живот што сега се живее, а го живееше и Богдана иако ја следеа настани за кои мораше да биде цврста за да ги премости. Во тоа и успеа. Затоа таа е јак лик на жена. И другите ликови од романот се поврзани со главниот лик, кои на свои начин придонесуваат за да се прикаже се тоа што Богдана го доживуваше и премостуваше. Таа е лик што ги сака сите луѓе и нема некој што нејзе не ја сака бидејќи е питома, полна со живот и љубов и покрај сите препреки кои се вртат околу неа, рече авторката Јанчева.

Промоцијата на романот „Непребол“ на писателката Родна Јанечева се одржа во Градска библиотека „Гоце Делчев“ во Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.