Прва награда на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ за велешанката Десанка Николова
Меѓу најуспешните, во заедничката стихозбирка од вкупно 149 автори од Македонија, Србија, Бугарија, Романија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Албанија и БиХ, застапени се дури пет велешки автори: Десанка Николова, Марија Бошевска, Соња Карбева, Наташа Брезовска Богоевска и Атанас Крлевски.
Со доделувањето на наградите на најуспешните и промоција на заедничката стихозбирка од најдобрите автори на овогодинешниот конкурс, вчера во Гостивар заврши единаесетото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ кои се одржува во чест на големиот, светол празник 24 Мај, Ден на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј.
Жири комисијата во состав проф. д-р Наташа Сарџоска, Диме Ратајкоски и Слаѓана Брезовска од вкупно 149 автори од Македонија, Србија, Бугарија, Романија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Албанија и БиХ, избра 56 најдобри, најсилни поетски креации со силни пораки кои се најдоа во заедничката стихозбирка. Меѓу најуспешните, застапени се дури пет велешки автори: Десанка Николова, Марија Бошевска, Соња Карбева, Наташа Брезовска Богоевска и Атанас Крлевски.
Првата награда на фестивалот ја понесе поетеста Десанка Николова за песната „Сизиф или Диоген“.
Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ е единствен од ваков тип во регионот на кој гласањето и изборот се анонимни.
Велешани уште една покажаа дека Рациновиот аманет е жив и тука најсилно се негува традицијата низ убавиот пишан македонски збор.
Стефани Манева