Рекордни 351 автори, од сите континенти, се пријавија на 21 Меѓународен салон за стрип „Велес 2024“

Објавено на 7 август, 2024 во 10:24
Фото: Минатогодишно отворање на Меѓународен салон за стрип „Велес 2023“

Сите пристигнати дела ќе бидат прегледа од  жири комисија составена од стрип и ликовни дејци од Велес,  а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон во Велес, најзначајна стрип манифестација во Македонија, на  20 август, годинава.

Според Томе Трајков , програмски координатор на Стрип центарот на Македонија, големата бројка се должи пред се на засилената  работа и контакти со млади таленти од Македонија.

 -Многу радува податокот за откривање на нови стрип имиња од македонската стрип сцена коишто заслужуваат поголема афирмација и внимание.Тоа е секако одраз и на реализацијата на соработка со училиштата ширум државата, како и со ликовните педагози.Исто така ,  медиумска промоција на стрип настани во странство на коишто учествува македонската Стрип сцена   секако дека има позитивно влијание, додаде Трајков.

Според Трајков ваквата заинтересираност се должи и на остварени мегународни контакти како и на постојаната соработка со Стрип сцената од поранешните Ју републики , но сакако и  комуникацијата со автори од сите континенти, вклучено и од Тајван и од САД.  

Фото: Минатогодишно отворање на Меѓународен салон за стрип „Велес 2023“

-За зголемување на нивниот број секако треба и зголемена поддршка од страна на донаторите како на пример зголемен фонд на награди,  присуство на наградените автори на свеченото отварање , составување  на жири од мегународни стрип автори   и слично, потенцира Трајков.

Мегународниот стрип салон во Велес ,како и другите пропратни активности е финансиран од Министерството за култура на Македонија како и од општина Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.