Шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“
Нашиот афористичар Никола Бошков – „Коки“ и овој понеделник издвои шест афоризми со коишто ќе предизвика насмевка на вашето лице. Уживајте:
-Лесно е да си мачор во февруари, но малку потешко е да се биде постојано мачор во текот на месеците што следуваат.
-Можно е в иднина бензинот да се издава на рецепт, се разбира со одредена партиципација како и за лековите.
-За седење на два стола не треба да се има голем ум,туку-голем задник.
-Понекогаш љубовта наликува на планинарството:т реба да се биде мошне внимателен при качувањето.
-Многумина луѓе не се во состојба да ја сфатат суштината на стабилизацијата: штедат на брачните должности.
-По многуте мешаници и расправии на теренот, би рекол дека не се работи за спортски, туку-за политички противници.
Афористичар
Никола Бошков – Коки