Шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“

Објавено на 14 март, 2022 во 10:24

Прочитајте ги новите шест афоризми на нашиот афористичар Никола Бошков „Коки“. Тие се секогаш оргинални и ја прикажуваат реалната слика на животот. Ужувајте.

-Автомобилот веќе не е луксуз, денес луксуз е горивото.

-Бракот има некое чудно својство на замрзнувач, со текот на времето ја изладува секоја љубов.

-Пратениците ги фати паника, деновите се се подолги, а дневницата им остана иста.

-Сопругата на мојот сосед е како сон, штом тој ќе се разбуди – неа нигде ја нема.

-Во бракот најпрвин се слушаат нежни зборови, потем, само зборови, додека на крајот се слушаат само прости реченици.

-Како во животот, така и во шахот, најјак потег е кога ќе успеете да ја освоите противничката дама.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.