Слушнете ја најпознатата велешка песна „Сербез Донка“ музицирана од велешанец од далечната Канада (видео и фото)
Велат дека музиката е уметност, емоција, љубов и универзален јазик кој е разбирлив за сите. Можеби една од најубавите Македонски народни песни на која ние, Велешани, сме посебно горди, е песната „Се посврши сербез Донка”, преку чии стихови е опеана една вистинска љубовна приказна од Велешките калдрмени и тесни сокаци како и улици. Токму неа за читателите на Дума.мк ја музицира велешанецот Тодор Д. Тодоров.
„Токму затоа и чувството е посебно убаво кога на денот на вљубените, нотите на оваа преубава песна ќе прозвучат и се отсвират и во мултикултурна Канада, каде еден народ попрво ќе го разбереш преку неговата изворна музика, отколку да му го научиш мајчиниот јазик. Со позитивна мисла и желба за добро здравје, среќа и многу љубов, како и до некоја следна музичка приказна, поздрав до редакцијата на порталот “Дума” и до сите Велешани ширум светот,“ ни напиша велешанецот Тодор Тодоров.
Дума.мк очекува стапките на Тодоров да ги следат сите Велешани од дијаспората. Праќајте ни ги вашите фотографии, видеа, текстови за кои секогаш ќе обезбедиме простор на веб порталот. И читајте не, наскоро најавуваме посебна содржина за двонасочна комуникација со дијаспората.
Убавка Јаневска