Со „Недела на македонско-српска култура“ започнува  манифестацијата Кавадаречко културно лето

Објавено на 14 јуни, 2024 во 13:36
Фото: МИА

Манифестацијата „Недела на македонско – српска култура“ ќе ја отвори мултимедијалната изложба „Тврдини и стари градови на територијата на Србија“, на авторката Светлана Дингарац од Белград којашто во понеделник со почеток во 19:00 часот ќе биде поставена на Градски плоштад во Кавадарци. Изложбата како проект е започната во 2018 година со цел да не се заборави и да се престави пред граѓани културно-историското наследство на Србија. Проектот го опфаќа периодот од доцниот Антички и Рановизантискиот период,а дел и од Среден век. Присутните граѓани ќе можат да ги видат  првите 40 тврдини и стари градови којшто се откриени од авторката.

Потоа концерт ќе одржат Музичко друштво „Ковински беќари” поточно тамбурашки оркестар од Ковин и оркестарот при ООМБУ „Лазо Мицев – Рале“ од Кавадарци.  Музичкото друштво „Ковински Беќари“ е аматерско друштво кое што негува тамбурашката музика и  идентитет на банатското пеење. Друштвото посветено е на зачувување на овој жанр на песна и музика веќе пет децении, „Металците“ и бележи голем број на успешни концерти и награди, настапи на паради во Србија и во Австрија, во Германија, во Унгарија, во Романија, во Македонија, во Босна и Херцеговина како и во други земји.

На свеченоста на присутните ќе им се обратат директорите на Дом на култура – Кавадарци и на Центар за Култура – Ковин, градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, претставникот на општина Ковин како и Н.Е Амбасадорка на Република Србија во Република Северна Македонија, Невена Јованович .

Неделата на македонско-српска култура во кавадарци ќе трае од понеделник, 19 јуни до петок, 21 јуни 2024 година.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.