„Тартиф“ на Игор Вук Торбица во велешки театар
Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес е дел од протоколот „Наши денови“ чии основачи се Српско Народно Позориште, Нови Сад, Београдско драмско позориште, Белград и Новосадско позориште „Ујвидеки Шиназ“. Нивна цел е да создадат мостови за соработка меѓу партнерите, да поттикнат театарска размена и соработка од широк вид.
Како прва активност во велешки театар ќе биде гостувањето на „Тартиф“ во режија на Игор Вук Торбица.
„Претставата „Тартиф“, авторски проект на Игор Вук Торбица, според мотивите од оригиналната Молиерова комедија „Тартиф“, а со поднаслов „Комично во класичното“, е театарска копродукција меѓу Српско Народно Позориште и Народно Позориште Сомбор. Автор и режисер на проектот е Игор Вук Торбица, сценографијата на потпишува Андреја Рондовиц, костимографијата Јелисавета Татиќ Ќутурило, а композитор е Владимир Пејковиќ. „Тартиф“, дванаесеттиот од петнаесетте дијаманти на прерано заминатиот Игор Вук Торбица, во своето портфорлио има преку триесет награди на релевантни театарски фестивали. “, пишува во соопштетиот на театарот „ЈКХ –Џинот“.
Улогите во претставата ќе ги толкуваат: Саша Тодоровиќ како Тартиф, Хана Селимовиќ како Дорина, Нинослав Жоржевиќ како Оргон, Тијана Марковиќ како Елмира, Марко Марковиќ како Клеант, Билјана Кесеновиќ како госпоѓа Пернел, Даница Грубачки како Маријана, Марко Савиќ како Дамис, Душан Вукашиновиќ како Валер, Немања Бакиќ како Баскес, Милорад Капор и Драгана Шуша како Судски извршители.
Изведбата на претставата ќе биде на 16 јуни, четврток, со почеток во 20:00 часот, на сцената „Петре Прличко“.
Стефани Манева