Велешкиот афористичар „Коки“ со шест нови афоризми по повод 8-ми март

Објавено на 7 март, 2022 во 11:13

По повод утрешниот празник, 8-ми март, денот на жената, нашиот афористичар Никола Бошков „Коки“ подготви шест нови афоризми кои сигурно ќе го направат вашиот ден повесел и со кои им го честита празникот на сите дами.

-За празникот на своите сопруги, многумина луѓе ќе се чувствуваат празнично: џебовите ќе  им бидат празни.

-Откако се појавија безброј ковод-сертификати, се уверивме колку е неверојатна нашата фантазија и оригиналност во изработката на фалсификати.

-Љубовта е единствената активност во која најголемите резултати се постигнуваат …лежејќи.

-Некогаш по патиштата луѓето ги ограбувале арамии-со пушки, а денес по автопатите-со енормни патарини.

-Брачните води се мирни се дотогаш, додека во нив ,одненадеж не се појави некој…гусар.

-Многуте навивачи, за жал, знаат многу повеќе што им прави сопствената екипа,отколку….сопругата.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.