(видео и фото) Отворена изложба „Стаклена соба – Погрешни информации и манипулации на интернет“ во Europe House во Велес
Изложбата насловена „Стаклена соба: Погрешни информации и манипулации на интернет“ во организација на Делегацијата на Европска Унија и Македонскиот институт за медиуми, денеска, беше отворена во Europe House во Велес. Присутните ученици имаа можност да дознаат повеќе за погрешните информации и за улогата на интернет-корисниците во нивното ширење, како и за бизнис моделите, дизајнерските тактики и корисничките навики што овозможуваат поволна средина за нивно пренесување.
На самиот почеток на присутните ученици им се обрати директорката на Македонскиот институт за медиуми, Билјана Петковска.
По отворањето во 2020 година, изложбата е поставена во 19 земји низ Европа на различни локации, како библиотеки, училишта, излози на продавници, железнички станици, и е достапна на повеќе од петнаесет јазици.
Досега, поставката ја посетиле над 30.000 посетители ширум Европа и неколку стотини илјади онлајн.
Стефани Манева