(Видео) „Поларис“ нов преведен роман на Љубомир Михајловски од Центар за научна фантастика „Визија“

Објавено на 14 мај, 2024 во 10:16

Првиот научно фантастичен роман „Поларис – последниот град“  на Снежана Каначки од соседна Србија го доживеа македонскиот превод. Авторката романот го објавува во 2018 година во издание на српската издавачка куќа „Нова поетика“ и две години подоцна е преведен на словенечки јазик од словенечкиот издавачка куќа „Про Анди“. На македонски јазик романот е во печат, на печатница „Ива“ откако го преведе, уреди и лекторираше  Љубомир Михајловски  и илустрацијата на корицата е авторско дело на Димитриј Михајловски.

Во разговорот со Љубомир Михајловски слушнете повеќе за ова исклучително добро дело на авторката Каначки која е родена и твори во Белград, Србија.

„Поларис – последниот град“ на македонски јазик ќе биде издаден во 100 примероци.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.