Во Ликовен салон Велес изложба на уметницата Катерина Ѓорѓевиќ од Ниш, Србија (видео и фото)

Самостојна изложба на цртежи со нслов „Избришан простор“ на српската ликовна уметница Катарина Ѓорѓевиќ, од вчера вечер, поставена е во Ликовен Салон Велес. Циклусот е составен од 40 цртежи изработени со акрилни маркери на хартија коишто го симболизираат 40 годишниот творечки јубилеј на уметницата Ѓоргевиќ. Професорката и Продекан на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Ниш, рече дека соработката започната со велешки Народен Музеј и нејзиното прво доаѓање во Велес е поттикнато од желбата на колегата Коруновски за претставување на меѓународното творештво на уметниците пред Велешани.
Ѓоргевиќ во разговорот за Дума.мк додаде дека ја прифатила поканата и не погрешила затоа што Велес за неа досега бил само синоним, од образовниот процес во поранешната држава, Југославија, за Кочо Рацин и Спомен Костурницата.

Авторката Ѓорѓевиќ е дипломец на Факултетот за ликовна уметност во Белград на којшто исто така ги завршила и постдипломските студии.


За директорот на Народен Музеј Велес, Ангел Коруновски изложбата е уникатна, многу интересна и мистична од една а од друга страна е интересена за посетителите без разлика на нивните познавања за уметноста.



На авторката Ѓорѓевиќ оваа самостојна изложба и е прва во Македонија, покрај многубројните групни, но таа би сакала да дојде повторно во Велес и да претстави друг циклус од нејзиното богато творештво.
Убавка Јаневска
