Во Велес ќе се отвори монографско ретроспективна изложба од академскиот сликар Ангел Петров

Објавено на 18 август, 2023 во 09:47

Триста дела од академскиот сликар Ангел Петров ќе бидат изложени на монографско ретроспективна изложба насловена како „Бојата низ музика“ со која ќе се одбележи 90-тиот роденден на уметникот.

Од семејството споделуваат дека оваа изложба е посветена на граѓаните на Велес, на пријателите и љубителите на неговото ликовно творештво.

– Посебно ќе ни биде чест, да ги споделиме овие пријатни сеќавања, ние семејството и Вие граѓаните од Велес. Се гледаме на изложба!, додаваат од семејството.

Изложбата ќе биде отворена во вторник, 22 август, со почеток во 19:00 часот во Ликовен Салон во Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.