XV најмасовeн регионален стрип настан во сабота на 23 ноември, заинтересираните цртачи да се пријават
Пријавите за учество се отворени од 24 октомври до 21 ноември до 12:00 часот . Пријавувањето е преку сајтот www.24satnocrtanjestripa.com/prijava/ . На овој сајт сите заинтересирани можат да се информираат за техничките услови поврзани со поднесување на авторски стрипови.
Томе Трајков, програмски координатор на Стрип центар на Македонија потсетува дека, на светско ниво, настанот го подготвува реномираниот стрип теоретичар Скот Мек Клоуд, а во регионот авторот Дарко Мацан од Академијата во Загреб.
Низ годините оваа акција бргу се проширува. Уште една специфика е што оваа регионална иницијатива е сосема независна од светската акција, којашто се организира во октомври. Трајков повторно го изрази задоволството дека соработниците и пријатели од Хрватска бргу ја прифатиле неговата ланска иницијатива за мобилизирање на македонските стрип автори во оваа стрип акција.
Конкретно, регионалната стрип акција овозможува непосредно присуство на стрип цртачи кои ќе цртаат на дадени локации во: Загреб, Осиек, Сплит, Риека, Госпиќ, Вараждин, Љубљана, Херцег Нови, Бар, Сомбор. Меѓутоа, се дава можност и за онлајн поднесување на стрипови на заинтересирани од целиот регион и во светот, вклучено и од Македонија. Конкретно со пријавата се обезбедува цртање од дома по што подготовениот стрип се објавува онлајн на платформата
Инаку, темата на овогодинешното извлекување ќе биде објавена на 23 ноември, во 12:00 часот на 24satnocrtanjestripa.com. Минатогодишната тема беше посветена на АИ, вештачка интелегенција, во 2022 година цртачите работеа на „Носталгија“ а една година претходно на тема „Друг свет“.
Убавка Јаневска