Започнува четвртото издание на театарскиот Фестивал на комедија „5РЕ“ во велешки театар, отворањето во четврток со претставата „Госпоѓа Министерка“ на велешки Театар (фото)

Објавено на 25 март, 2025 во 15:45

Фестивалот посветен на доајенот на македонското глумиште, велешанецот Петре Прличко,  започнува во четврток на 27 март и годинава ќе трае до 16 април. Со поддршка на Општина Велес и Министерство за култура и туризам годинешното издание ќе го отвори претставата „Госпоѓа Министерка“ на велешки театар, работена според текстот на Бранислав Нушиќ, во режија на Синиша Ефтимов и со толкување на главната улога од страна на актерката Зорица Панчиќ. Фестивалот ќе има 10 фестивалски вечери во кои публиката ќе гледа претстави како на велешки и театри од Македонија така и за прв пат на театри од соседна Србија и од Црна Гора.

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев ја отвори денешната прес конференција посветена на почетокот на овој театарски фестивал. Колев најнапред изрази сочувство на семејствата на загинатите жртви во трагедијата во Кочани и додаде дека Општина Велес и Советот вложуваат сериозни финансиски средства во културата и не само во театарот.

-Поддржуваме два театарски фестивали. Вложуваме и во многу други настани коишто значат на некој начин зближување на нашите сограѓани, рече Колев.

Годинава фестивалскиот репертоар ќе биде доста богат и составен од претстави на театри кои подолго време добро комуницираат во локалните средини од каде што доаѓаат и за првпат оваа година ќе бидат прикажани претстави од странство, поточно од Србија и од Црна Гора, рече денеска, на почетокот на своето обраќање пред новинарите, Ненад Витанов од граѓанското здружение „Плус публика“ кое го организира Фестивалот на комедија „5-ре“ .

Витанов потенцираше дека втора година фестивалот се отвора на 27 март, светски ден на театарот и ја соопшти годинешната програма која ќе ја отвори велешки театар со претставата „Госпоѓа Министерка“ додека целиот приход од влезниците како и во поставената кутија за донации ќе имаат хуманитарна цел поточно ќе бидат наменети за семејствата на трагично загинатите во пожарот во Кочани.

oppo_32

Годинава за прв пат Фестивалот ќе додели четири награди за најдобра машка, женска, најдобра претстава и за најдобра режија. Добитниците ќе добијат Плакета со ликот на Петре Прличко, Благодарница и паричен износ. Организаторот дополнително ќе го соопшти составот на фестивалската жири комисија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.