Чадиев:Велешките слободни зони по урнек на прилепските!
Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Славчо Чадиев, на помош го повика градоначалникот на Прилеп, Маријан Ристески.
Индустриските зони во Велес да се градат слично како оние во Прилеп е целта на денешната средба меѓу Чадиев и Ристевски. Кандидатот за градоначалник Чадиев му ги презентираше своите планови кои би ги реализирал ако седне во градоначалничката фотеља.
„Најавив дека ќе ги доопремиме двете индустриски зони, а ќе почнеме да ја градиме и онаа во Каласлари. Истовремено планираме на уште една локација да изградиме индустриска зона меѓутоа мора да се подготват документите, да го подготвиме описот и ќе го кажеме рокот до кога ќе ја завршиме. Едноставно сите позитивни примери кои се прикажани во земјава очекуваме да ги пренесеме и во Општина Велес. Секое искуство е добредојдено“, рече Славчо Чадиев, кандидат за градоначалник на Велес.
Велес заслужува да има градоначалник како што е овој човек па за тоа му даваме комплетна поддршка вели Ристески. Според него Чадиев не само што е искусен туку е одличен човек за кој смета дека ќе знае да ги искористи сите позитивни примери.
„Ќе имаме заеднички тимови кои ќе работат на заеднички проекти со кои може да се аплицира за искористување на европските фондови. Општина Велес би требало да формира јавно претпријатие за проектирање како што е тоа во Прилеп и е единствено во земјава. Ние го имаме проектот за тоа како функционира претпријатието, кое ги услужува и другите општини во земјава“, рече Маријан Ристовски, градоначалник на Прилеп.
И двајцата најавија дека Велес ќе соработува со останатите општини и со централната власт ако Чадиев седне во градоначалничката фотеља./Б.Н.
