НСДП повика кавадарчани да гласале за Бетиан Китев!

Објавено на 4 април, 2013 во 11:23

Општинската организација на НСДП Кавадарци денеска на прес конференција им  се заблагодари на граѓаните кои во првиот изборен круг ја дале подршката за опозицијата. НСДП во рамки на „Сојузот за иднината“ освои едно советничко место во новиот кавадаречки совет. Беше упатен апел до граѓаните да не подлегнувале на притисоците од власта, заканите и купувањата, а беше дадена подршка на кандидатот на опозицијата Бетиан Китев.

„Во недела на 7 април не очекува вториот круг од гласањето за градоначалник. Во недела имаме шанса повторно да гласаме и да одлучиме кој и како ќе го води Кавадарци во наредните четири години.По првиот круг се покажа дека Кавадарци е со опозиционо расположение. Опозицијата заедно освои 13.000 гласа, за 1.500 повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и само неединството не спречи да однесиме победа. Сега во вториот круг работата е јасна Бетиан Китев или Панов.  По јавно искажаната подршка од Панчо Минов за Бетиан Китев и повикот кон неговите подржувачи, опозицијата во недела ја очекува сигурна победа во Кавадарци. Но, не смееме да оставиме ништо на случајноста. Мора во недела уште еднаш да излеземе масовно на гласање“ рече претседателот на ОО на НСДП Кавадарци, Влатко Клинчаров.

Повика кавадарчани да дале масовна подршка на Бетиан китев, бидејќи тој бил млад, образован, чесен и упорен човек.

„Со својата програма, енергија, желба и упорност може да направи многу за овој народ. Заслужува шанса која треба Вие да му ја дадете“ нагласи Клинчаров. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.