Коцевски:Подобрување на инфраструктурата во градот и селата еден од предизборните приоритети!

Објавено на 4 април, 2013 во 12:26

Инфраструктурни проекти од својата предизборна програма промовираше кандидатот на СДСМ за градоначалник на Велес, Аце Коцевски ветувајќи дека освен во градот ќе се работи и во селата.

Повисоките делови од градот ќе бидат приоритет за градежни проекти најави денеска Коцевски кој вети дека ако стане градоначалник вети подобрување на канализационата мрежа за атмосферските води.

 

„Ќе изградиме мрежа која би ги прифаќала атмосферските води од улиците кои се во повисоките делови од градот, а сега прават големи проблеми. Со нивното носење до реката Вардар мислам дека трајно ќе се реши проблемот и на главната улица Благој Ѓорев“, рече Коцевски.

Според него сега голем проблем за жителите кои имаат домови по околните ридови е и носењето на квалитетна вода за пиење, па најави изградба на неколку пумпни станици. Вети, канализација ќе се гради и до Превалец и Оризари, а Бузалково ќе се приклучи на градскиот водовод и асвалтирање на патот до Сливник, Иванковци и Мамутчево.

„Како што знаете комуналната инфраструктура во Велес е многу запуштена, а предизвикот за работа во следните четири години е голем  за тоа што мора да се надомести она што е запуштено во изминатите години. Да ве потсетам уште еднаш дека машина за асвалтирање на патишта со цемент не е влезена во градов во последните две години што значи дека не е работено ниту на крпење на улиците и пополнување на дупките со топол асвалт, ниту за правење на улици и патишта. Тоа значи дека во иднина ќе треба да се одвојат поголеми сретства за подобрување на инфраструктурата“, рече Коцевски.

Според него запуштено е и детското катче на игралиштето во населбата Тунел па вети негова поправка како и поставување вештачка подлога на теренот, а и изградба на пазар во овој дел на градот./Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.