Китев:„ Борбата за нов почеток продолжува“
Кандидатот за пратеник на СДСМ од Кавадарци Бетиан Китев на прес конференција денеска им се заблагодари на граѓаните кои дадоа подршка на гласањето во неделата за нивниот претседателски кандидат Стево Пендаровски. Китев најави дека СДСМ поодлучно од било кога ќе ја продолжел битката за слобода и демократија.
„Во втората фаза од предизборната кампања ќе водиме паралелна кампања и за претседателските и за предвремените парламентарни избори. Изборниот резултат е производ на системскиот притисок на власта предводена од Никола Груевски преку државните инструменти кои ги контролира овие 8 години. Јасно е дека кај граѓаните постои желба за промени.Во наредните две недели , ние од опозицијата заедно со вас почитуванни кавадарчани ќе застанеме на браникот на демократијата и слободата. Борбата за промени , борбата за нов почеток продолжува. Пред нас е уште еден изборен круг каде што почнуваме од нула.Ќе бидеме со вас, помеѓу вас, и ќе укажуваме на сите пропусти на сите нелогичности што се случија во изминатите 8 години“ рече Китев и нагласи дека покрај сите закани, уцени и притисок врз граѓаните од власта кон обичниот човек зад опозицијата застанале 330 илјади граѓани, а уште голем број граѓани останале дома.
„Бидејќи во неделата на изборите испаднаа само 48,84% или 870.000 граѓани на Македонија со останувањето дома јасно и прачуваат на власта дека ја нема нивната подршка. Почитувани Кавадарчани ве повикувам на енергичност и цврста определеност да се избориме за промените за нов почеток во Македонија.Секој да го даде својот максимум, овие избори се важни , пресудни за правецот по кој ќе продолжи Република Македонија. Не се работи за поединци, за мала група луѓе, за индивидуални политички кариери. Се работи за Македонија за нејзината иднина.На 27 април сите масовно во огромен број да испаднеме и да дадеме подршка за промена на власта. На 27 април да го означиме почетокот на новите промени“ повика Китев на прес конференцијата./А.Д
