оглас велес за второ авионско третирање против комарци

Објавено на 25 јуни, 2020 во 21:26

veles

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

Општина Велес ја информира јавноста дека второто авионско третирање против комарци ќе се изврши на 29 јуни (понеделник) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06.30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 30 јуни (вторник) 2020 год.

 

Границата на третирањето е: Езеро Младост, с.Отовица, меснос Јарбош, по течението на Вардар од север од с.Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с.Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Ќиро Ќучук“ и с.Горно Оризари.

 

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

 

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3 – 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.