714 фармацевтски техничари образувани во изминатите 21 години во ССОУ „Димитрија Чуповски“во Велес (фото)

Објавено на 26 септември, 2022 во 15:19
Фото: Ученици фармацевти во новата училишна аптека

Дваесет и една година во Велес се образуваат фармацевтски техничари и исто толку време во средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ функционира училишна аптека. Во неа учениците ја изведуваат практичната настава што е составен дел на образовниот процес. Аптеката после подолг временски период доби целосно нов лик што беше промовиран денеска, кога се одбележува светскиот ден на фармацијата.

Фото: Драгана Јованова професорка по стручни предмети во училиштето

-Од 2000 година нашето училиште ја има воведено струката фармацевтски техничар и секоја година имаме голем број на ученици.  Моментално имаме реновиран простор во училиштето, поточно училишната аптека којашто претставува припрема на учениците да се запознаат со професијата чии работни задачи се изведуваат во аптека.  Исто така, поради прекрасната соработка којашто ја имаме со компаниите од Велес, днеска им доделивме благодарница со цел да им оддадеме почит бидејќи ни ги прифаќаат учениците на кои менторите коишто работат во аптеките не себично им помагаат, рече Драгана Јованова, професорка по стручни предмети во училиштето.

Фото: Професорки по стручни предмети во хемиското училиште

Училиштето ја награди взаемната долгогодишна соработка со аптекарите во Велес. Сите добија благодарници за тоа што во изминатите години несебично ги отворале вратите за учениците да посетуваат пракса и да се стекнуваат со практични знаења. Благодарниците ги додели директорката Маја Хеско.

Фото: Доделување на благодарници
Фото: Училишна аптека во хемиското училиште

Во изминатите 21 години во ова велешко средно стручно училиште се образувале вкупно 714 фармацевтски техничари.  Најголем дел од нив се велешани но значителен е бројот и на фармацевти од Вардарски регион со градовите Валандово и Дојран.

Стефани Манева  

фото:

Фото: Доделување на благодарници
Фото: Доделување на благодарници
Фото: Доделување на благодарници
Фото: Доделување на благодарници
Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.