768 слободни места за упис во прва година во четирите средни училишта во Велес
Министерстовото за образование и наука во петокот на 29 март, годинава, го објави конкурсот за зпаишување на ученици во јавните средни училишта во учебната 2024/2025 година. Според овој конкурс во четирите средни училишта во Велес можност да се запишат во прва година ќе имаат вкупно 768 деветтоделенци. За гимназиско образование предвидени се 204 слободни места во 6 паралелки за коишто деветтооделенците треба да имаат минимум 60 поени. Од нив 136 ученици ќе конкурираат за следење на настава по македонски јазик во четири паралелки додека 68 ученици на албански јазик во две паралелки. Предвидена е и една македонско – англиска билингвална паралелка со 34 ученици.
93 ученици ќе мораат да имаат минимум 60 поени доколку одлучат да се запишат во трите паралелки во економско – правно и трговска струка во ООУ „Јовче Тесличков“ . Тие ќе можат да конкурираат за профилите -економски техничар, бизнис администратор во соработка со компании поточно паралелка составена од 25 ученици исто како и за техничар за е-трговија и дигитален маркетинг и економски техничар со 34 ученици во една паралелка. Овие профили имаат четири годишно образование додека профилот продавач-референт за продажни услуги/асистент деловен администратор во соработка со компании за кои се потребни минимум 30 поени ќе бидат запишани 25 ученици во една паралелка. Од вкупниот број на ученици 84 ќе бидат поделени во три паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во една паралелка со настава на албански наставен јазик.
Најголем број на деветтооделенци, поточно 329 во 11 паралелки со настава на македонски јазик ќе можат да се запишат во Државното средно училиште – регионален центар за стручно образование и обука „Коле Неделковски“ Велес.
Машинска струка може да се запишат 109 ученици и оваа струка ќе понуди можност за образување на четири профили во четири паралелки со минимум 25 и максимални 34 слободни места за кои се потребни од 30 до минимум 55 стекнати поени. Втор е електро техничката струка со 161 слободно места и пет паралелки за каде се потребни помеѓу 30 до 55 поени. За сообраќајната струка во наредната учебна година ќе биде отворена една паралелка со 34 ученици на кои им се потребни постигнати 60 поени додека за угостителско туристичката струка во една паралелка ќе можат да се запишат 25 ученици со постигнати 30 поени.
177 ученици во шест паралелки со настава на македонски јазик ќе можат да следат во ССОУ „Димитрија Чуповски“. За хемиско – технолошка струка има 59 слободни места за ученици кои ќе бидат распоредени во две паралелки за чии смерови ќе бидат потребни од 30 до 45 освоени поени. 84 основци ќе можат да се запишат во Здравствената струка во која се предвидени три паралелки но минимум мора да имаат по 70 освоени поени. Додека во струката за лични услуги во која е предвидена само една паралелка можат да се запишат 34 ученици со минимум 45 освоени поени.
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со 53 специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.
Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15.00 часот. Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 01 јули и 02 јули 2024 година до 15:00 часот.
Учениците кои ќе бидат упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после уписниот рок со две пријавувања, поточно на 21 август 2024 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски.
Стефани Манева