Авионско третирање против комарци во Велес
Првото авионско третирање против комарци што Општина Велес ќе го реализира е закажано за 10 мај, понеделник. Според општината третирањето ќе започне во 05:00 до 06:30 часот. Со третирањето ќе биде опфатено цело градско и приградско подрачје како и по течението на река Вардар.
Средството кое се користи при третирањето против комарци е од видот Ciceron 2.0 ulv, производ од BioGenesis,Белград, Република Србија. Средството има ниски дози и ниска токсичност за цицачите и човекот. Ова значи дека тоа не е опасно по здравјето на граѓаните и на животните.
Од општината апелираат сите граѓани своите паркирани автомобили да ги покријат или пак по авионското третирање против комарци автомобилите да ги измијат.
Од општината особено апелираат пчеларите во времето на третирање и три до четири часа потоа да ги имаат затворено кошниците со пчели. Средството можно е да влијае врз безбедноста на пчелните семејства.
По прецизно со авионското третирање против комарци ќе ги опфати езеро Младост, село Отовица, месноста Јарбош. Ќе продолжи по течението на Вардар од север преку Башино Село потоа низ градот Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари.
На западната страна на општината ќе ги опфати населба Превалец, населба Керамидна фабрика „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари.
Авионското третирање против комарци ќе го реализира операторот „Бониер“, а надзорот ќе го врши ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Велес.
Од општината, исто така, информираа дека доколку временските услови не дозволат извршување на авионско третирање во понеделник, тоа ќе се помести за ден подоцна, 11 мај, вторник.
Стефани Манева