Без вода четири улици во Велес, се отстрануваат дефекти

Објавено на 9 август, 2022 во 12:51

Околу три часа преки на водоснабдувањето ќе има на велешките улици Архиепископ Михаил и Љубен Весов. Од Јавно комунално претпријатие „Дервен“ соопштија дека прекинот на водата во домовите на велешани ќе биде поради неопходни работни активности. Без вода, утрово, два часа била и населба Керамидна.

Исто така, без вода во моментов е и улицата „Трајко Панов“ кадешто работници на ЈКП „Дервен“ отстрануваат дефект на дел од водоводната линија.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.