Безбедноста пред сè: Превентивна работилница за матурантите во Велес

Објавено на 30 април, 2025 во 12:58

Во пресрет на матурските прослави, учениците од завршните години во ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука „Коле Неделковски“ во Велес учествуваа на превентивно-едукативна работилница, организирана во рамки на кампањата „Безбедни матурски прослави“.

Настанот, спроведен од полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, имаше за цел да ја подигне свеста кај младите за ризиците поврзани со несовесно однесување за време на матурските вечери. Преку интерактивни сесии и видео презентации, матурантите беа охрабрени да слават одговорно, со акцент на избегнување на алкохол, психоактивни супстанци и насилство.

Посебен акцент беше ставен и на ризиците од управување со моторни возила под дејство на алкохол, без возачка дозвола или во небезбедни услови, со цел да се спречат трагични последици и инциденти.

Како дел од програмата, беше одржано и дополнително предавање на тема „Трговија со луѓе“, со цел да се информираат младите за оваа сериозна закана и начините на нејзино препознавање и пријавување.

Со вакви активности, Министерството за внатрешни работи испраќа јасна порака за значењето на превенцијата и безбедноста на младите, особено во периоди кога тие го одбележуваат крајот на едно значајно животно поглавје.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.