Во Општина Чашка до 10 часот гласале 10,8% од граѓаните со право на глас
Објавено на 15 октомври, 2017 во 10:44
На локални избори, шести по ред во Македонија, во Општина Чашка право на глас остваруваат вкупно 6.012 граѓани на 31 избирачко место во најраспространетата по територија општина во државата. Граѓаните избираат нов од понудени тројца кандидати за Градоначалник и четири листи со кандидати за нов Совет на општината.
Според претседателот на Општинската изборна комисија, Марјан Јовановски одзивот на избирачи до 10 часот изнесува 10,8% или правото веќе го искористиле 650 избирачи евидентирани во Единствениот избирачки список. Таму вчера гласале вкупно 51 избирачи со претходна пријава за болно лице./У.Ј