Село Извор доби Дневен центар за стари лица – им недостасува уште амбуланта и аптека

Објавено на 26 декември, 2018 во 16:06

IzvorDnevencentarzastarilica naslovna fin

Од седумдесет до сто стари лица во селото Извор од денеска ќе можат да користат простор за седенки, разговори, за друштвени игри како што се карти и шах или да организираат разни други активности во време што го имаат на располагање. За овие нивни потреби, во приземен дел на колективен стамбен објект, што инаку е простор на Општина Чашка, беше отворен Дневен центар за стари лица. Тој има корисна површина од 50 м2 и е составен од дневна соба со трепезариски дел и уште една поголема просторија како и тоалети.

-Центарот е наменет за повозрасната популација во село Извор како и за граѓаните од околните населени места. Со неговото отворање го заокружуваме процесот на отворање на Дневни центри за годинава бидејќи веќе отворивме во населбата Чашка и во село Богомила додека во 2019 година планираме да отвориме уште во селата Горно или Долно Јаболчиште, рече Градоначалникот на Чашка Горан Стојановски.

IzvorMilaiGoran fin

Овој вид на Центри се потребни за унапредување на квалитетот на живот за секое старо лице затоа што тие во нив можат да доаѓаа за да разменуваат информации или да организираат заеднички активности кои овозможуваат поздраво и поквалитетно да го организираат својот живот кои им останува од третото доба.

-Ние како држава многу малку сме инвестирале во развојот на социјални услуги но како Влада сме посветени токму на ова па затоа 2019 година ќе ја посветиме на социјалните услуги кои што ќе ги развиваме. Тука, во овој Центар, Министерството преку буџетот на државата инвестираше 900 илјади денари, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

IzvorMilasepozdravuvasogragjani fin

Корисници на Дневниот центар во Извор ќе бидат и сиромашните стари лица за кои од државната народна кујна, што е во надлежност на Центарот за труд и социјална работа во Велес, ќе се дистрибуира бесплатна храна или оброци. Министерката Царовска додаде дека досега овој вид на помош не можеле да ја користат Изворчани само затоа што немало простор во кој храната ќе се дистрибуира додека сега, токму со штотуку отворениот Дневен центар, ќе може да се реализира и оваа државна помош за ранливата категорија на стари или граѓани во трето доба. Затоа сега е потребно старите изнемоштени граѓани да се пријават во велешкиот Центар на Министерството за труд и социјална работа за да можат во 2019 година да се стекнат со правото на оброк од државната кујна

Дневниот центар за стари лица во село Извор, во кое живеат 400 граѓани, се наоѓа во централниот дел и на пристапно место. Поседува и двор што дополнително ќе се уреди затоа што засега има изградено патека и поставено летниковец.

IzvorGragjani2 fin

Жителите на Извор кој денеска беа присутни на отворањето на Дневниот центар, претежно пензионери, рекоа дека тој особено ќе им го исполни времето што тие го имаат на располагање. Исто така побараа од Градоначалникот во наредната година да овозможи да профункционира и здравствена амбуланта како и аптека. 

IzvorStarilica fin

Во село Извор постои здравствен објект кои се користеше до пред триесеттина години и во него работеа лекар, медицински сестри и стоматолози со забни техничари. Токму тој бараат жителите на селото повторно да се стави во функција за потребите од здравствени услуги. /У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.