Утре Бистричани „Водици“ ќе го одбележат во манастирот „Свети Петар и Павле“
Објавено на 18 јануари, 2019 во 19:23
Утрешниот водосвет и празнување на христијанскиот празник Водици ќе се одбележи и во манастирот „Свети Петар и Павле“ во велешкото село Бистрица. Таму веќе се привршува со подготовки за празнувањето кое ќе започне со богослужба што ќе ја раководи отец Диме.
Празникот е повод на родните огништа да се вратат поголем број на исселени граѓани. Тие се подготвуваат за овој настан на кои се најавиле 250 гости. Средбата ќе треба да заврши во доцните попладневни часови со собир што ќе започне во 17.30 часот. Бистричани велат дека се добредојдени сите добронамерни граѓани.
Манастирот „Свети Петар и Павле“ се наоѓа над селото, на оддалеченост од околу 2 км. /У.Ј