Во Општина Чашка, Богојавленије – Водици, се одбележа во три села и административниот центар

Објавено на 19 јануари, 2019 во 15:15

CaskaVodici fin

По отслужените богослужби во црквите “Св Атанас ” во селата Богомила и Теово како и во црквата Св. “Климент Охридски” во населба Чашка ,свештениците Димче Спасев и Драгољуб Костадиновски од Повардарската епархија, денес ги осветија водите во Реките Бабуна и Тополка во општина Чашка и го фрлија Светиот Крст.

Caskadobitnik fin

Триесет и три годишнот Игор Јанковски во населба Чашка беше најсреќниот од пријавените 16 учесници на манифестацијата Богојавление – Водици и го фати Светиот Крст. 

vtoroselo fin

Помеѓу 17- те пријавени во село Извор најсреќен беше осумнаесетгодишниот Оливер Цветковски. Тој го фати Светиот Крст годинава во осветените води на езерото во село Извор. Оливер доби ЛЦД телевизор од Општина Чашка, како и пригодни подароци од фирмата Каме Комерц.

Caskavtordobitnik fin

tretoselo fin

Светиот Крст во осветените води на реката Бауна го фатија Даниел Ѓорѓиевски во село Богомила и Стојанче Ѓорѓиевски во село Теово.

tretoselodobitnik fin

Стојанче постави свој рекорд бидејќи годинава по шести пат е во неговите раце Светиот Крст.

cetvrtidobitnikCaska fin

Во името на Општина Чашка, на Даниел и Стојанче, ЛЦД телевизори им подари советнкот Борче Ангеловски.

GradonacalnikCaskaGoran gin

– Од име на општина Чашка и од мое лично име како Градоначалник им честитам на Игор , Оливер, Даниел и Стојанче посакувајќи им успех на личен и професионален план. Сите добија подароци а јас лично му го подарив ЛЦД телевизорот на Игор, рече градоначалникот Горан Стојановски.
По повод денешниот празник Богојавление-Водици градоначалникот Стојановски им упати честитки на сте граѓани на општината со желби за добро здравје, мир и благосостојба./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.