Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Ovcari1 fin

Сточарите од велешко му се заканија на Министерството за земјоделие со изнесување на овците на улица доколку за два дена не им помогне околу откупот и цената на јагнето. На заедничката средба во чашка сточарите се пожалија на уцени од откупувачите пред први април. Дотогаш јагнињата ќе пораснат во тежина со што тие ќе губат на цена. Во истовреме паѓа и цената на овчото млеко.

-Од една страна јагнето нема цена, од друга страна го губиме млекото и од трета страна копуваме концентрати затоа што сега јагнете најмногу јаде а малку килажа става. Веќе пропаднавме. Нас не ни требаат субвенции за млеко туку цена за млекото. Не е решен случајот ако ни дадат пола денар за килограм млеко затоа што тој пола денар оди кај млекарите. Затоа денеска се договоривме да му дадеме на министерството рок од 48 часа со решение и кои мерки ќе ги превземат или во спотивно ние ќе излеземе на протест, рече Митко Јанков - претседател на здружението „Агроцентар“ – Велес

OvcariMitkoJankov2 fin

Тој и неговите колеги сточари тврдат дека ваквата политика ќе ја доведе државата да нема домашно јагне. Само изминатите седум дена сточари во општина Чашка продале над 600 овци. Има и други што ќе го сторат истото.

-Си играат со нас. Еден килограм јагнешко месо чини колку килограм домати, 120 -130 денари. Затоа и предлагам на Владата да ги земе јагнињата без пари само да не куртули од мака и од сиромаштија, рече Џелал Таиров – сточар од с. Клуковец

-Имало и полоши и подобри години. Не е можно за нова година да ни го откупуваат 240 денари а сега 120 или 130 денари за килограм, речеИдриз Шамседини – сточар од с. Клуковец

- Да произведеш јагне од 20 килограми потребни се седумдесет денови. Храната што ќе ја изеде, основната, чини 40 денари на ден. Во старт нас јагнето не чини 3.000 денари.Ако за килограм јагне откупот е 130 денари за килограм ние немаме никаква заработувачка, рече Маре Маневска – сточар од нас. Чашка

Ovcari3 fin

Засега нема конкретен одговор од министерството за земјоделство на барањата на сточарите. Од таму велат дека дека ја следат состојбата и доколку има потреба соодветно ќе реагираат и дека во моментов откупната цена на прва класа јагнешко е 135 денари за килограм жива мера. Како и дека секогаш биле отворени за средба со земјоделците.

Денешната реакција на сточарите доаѓа по средбата пред дваесеттина дена во Чашка со министерот Љупчо Николовски по која според нив решение на проблемот нема. Затоа ќе бидат принудени на протест со своите стада на улица. /У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново