Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

CaskazbratimuvanjeGoran naslovna

Размена на искуства поврзани со подготовка на апликации за грантови од пристапните фондови на Европска Унија и од ИПА програмата за преку гранична соработка , посета на Општина Чашка од страна на Градоначалникот на Општина Хаџидимово , Људмил Терзиев со дел од администрацијата од одделението за Локален економски развој како и размена на идеи, искуства и планови за развој на двете општини, во Северна Македонија и во Република Бугарија се конкретните чекори на двете општини по збратимувањето.

Меморандумот за меѓуопштинска соработка е потпишан деновиве од страна на Градоначалниците Горан Стојановски како гостин и Људмил Терзиев како домаќин.

Caskapotpishuvanjememorandumzazbratimuvanje fin

- Општина Чашка не може да соработува со општини во Бугарија, бидејќи се наоѓа во централниот дел поточно во вардарски плански регион, па затоа Општина Хаџидимово ќе помогне во воспоставување на соработка со општина во соседна Грција со која ќе можеме да аплицираме во европските фондови и ИПА фондовите. Исто така со колегата Терзиев разговаравме за воспоставување на соработка и со општина Банско, соседна на Хаџидимово, каде е многу развиен руралниот туризам што како добра практика може да го користи Општина Чашка која е рурална општина во Македонија, рече градоначалникот Стојановски.

Caskazbratimuvanjedeca fin

Caskazbratimuvanjedeca1 fin

Збратимувањето на двете општини Чашка и Хаџидимово го поттикнаа двете централни општински основни училишта, македонското „Торор Јанев“ и бугарското „Никола Јонков Вапцаров“. Тие соработуваат во европската образовна програма Еразмус плус. Со потпишувањето на протоколот за збратимување сега создадени се можности за уште поголема соработка помеѓу двете општини на економски, културен и спортски план.

- Општина Хаџидимово е иста по број на жители како и Чашка која пак по територија е многу поголема. Ова е второ збратимување на Чашка, според донесена одлука на Советот на општината, поточно по збратимувањето со Општина Чили од Република Турција, додаде Стојановски.

CaskazbratimuvanjeKUD fin

Со Градоначалникот Стојановски во Општина Хаџидимово беа и играорците од КУД „Тодор Јанев“ кои ги презентираа македонските ора и песни. Градот Хаџидимово се наоѓа во Благоевградската област и има 15 населени места во кои живеат 10.069 жители./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново