Пожар, во село Нежилово: Изгоре викенд куќата на Горан Апостоловски по само 20 дена од пожарот на викендицата на брат му Зоран

Објавено на 16 јули, 2020 во 18:14

Nezilovo pozarvikendkuka1

16.07.2020

Во пожарот што се случил ноќеска околу полноќ целосно изгоре викендицата во село Нежилово на семејството Апостоловски.Огнот први го забележале сопствениците на соседните викендици и куќи. Тие веднаш го побарале семејството на братот на сопственикот Горан, поточно, Зоран Апостоловски. Сопругата Сузана  на телефон и соопштила на јатрвата Убавка и го пријавила пожарот во Противпожарната територијална единица во Велес.

Но додека пожарникарите стигнале во селото, оддалечено околу 55 км од Велес, викендицата целосно изгорела бидејќи била изградена од дрво.

Nezilovo pozarvikendkuka2

Остатоците од викендицата по пожарот на куќата на Горан Апостоловски

-Веднаш по телефонскиот повик тргнавме кон селото. Таму не затече стравична глетка. Огнот веќе ја имаше проголтано дрвената куќа. Изгоре мебелот во собите, белата техника во кујната, санитаријата во купатилото, облека, па и сите алати, косилката за трева и останатите машини што ги имавме купено. Штетата е над 20 илјади евра. А со никој од соседите и останатите жители во селото не сме се скарале, замериле или навредиле, рече сопственичката Убавка Апостоловска.

Nezilovovikendkukanova

Викендицата фотографирана во зима 2020

Таа тврди дека пожарот бил подметнат бидејќи во хот куќата немало електрична енергија или плин. Семејството за огрев користело само дрва.

NezilovovikendkukanaZoran1

Остатоците од пожарот пред дваесетина дена на викенд куќата на Зоран Апостоловски

NezilovovikenkukanaZoranubava

Викенд куќата на Зоран Апостоловски пролетва 2020, пред пожарот

Нивните сомнежи сега се поголеми затоа што пред дваесеттина дена исто така во пожар изгорела и куќата на помалиот брат на Горан поточно на Зоран Апостоловски.

Семејството го пријавило случајот во СВР Велес и денеска на местото на изгорената куќа увид изврши и екипа на СВР Велес.

Хот куќата на Горан и Убавка Апостоловски, исто како и куќата на нивните роднини, биле стари пет години. Семејствата откако ги изградиле на атрактивни локации, над рибникот и покрај стариот пат што води кон планинарскиот дом Чеплес, ги користеле за викенди и за подолги одмори.

Сега Апостоловски ги очекуваат резултатите од полицискиот увид ./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.